Професорката по музичко, Елена Корнишонкова (40) од Русија објавила свои разголени фотографии на руската социјална мрежа „VKontake“ (руска верзија на Фејсбук) мислејќи дека фотографиите ќе може да ги видат само нејзините најблиски пријатели, но до контроверзните фотографии дошле нејзините колеги и еден студент.
На седница на училишниот одбор разголената професорка била замолена да поднесе оставка, но таа го одбила тоа и образложила дека не гледа ништо во голотијата, и дека живее „почесно од многу свои колеги“.
Истотака Елена додала дека фотографиите се од нејзиниот одмор во Шпанија и дека биле наменети само за потесен круг на луѓе, а сепак случајно станале достапни на поширока публика.
До скандалот со разголените фотографии Корнишонкова била ценета како добра професорка, која работела во училиштето од 2009 година. Управниот одбор ја предупредил дека доколку сама не си поднесе оставка за извесно време ќе добие отказ.