ФОТО: Ова се најубаво украсените градови во Европа

Од:

Кон средината на декември речиси секој град блеска од новогодишните светилки и други декорации, на кои особено им се радуваат децата. Но некои градови од празничното украсување направиле вистинска уметност.

Следат европските градови, кои можат да се пофалат со најубави светлосни украси.

Виена

Во декември секоја година Виена го враќа стариот раомантичен сјај. Милиони светлики светат над крстосниците, во продавниците, дури и по дрвата. Големите празнични лустери ќе ве доведат до катедралата Св. Стефан или до дворецот Шонбрун, каде се одржуваат празничните концерти.

Гетеборг

Аромата на пржени бадеми го најавува доаѓање на празникот во овој шармантен  пристанишен град богато осветлен во екот на целата празнична сезона.

Пет милиони светилки светат од зградите и 700-те борови накитени на божиќниот саем во забавниот парк Лисеберг, кој е најголем во Скандинавија.

Мадрид

Градска Плаза Мајор е позната е по преубавите светилки без нападен и заслепувачки сјај. Божиќниот саем тука се одржува од средината на 19. век, а главни артикли се фугурите и опремата за изработка на јасли, кои можат да се пронајдат во целиот град.

Случувањата кулминираат на 5 јануари со голема парада.

Брисел

Во текот на т.н. зимски чуда драматично осветлените згради, големиот број забавувачи и штандови во Брисел предизвикуваат преубаво празнично чувство.

Во лизгалиштето во центарот на градот празничните светилки ги осветлуваат и 240-те штандови, на кои можат да се пронајдат белгиски вафли со карамелизиран шеќер, бомбони и чоколадни бомбони.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скопје како воена зона, за Тошковски на Нова година било мирно

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот ја дочека 2025, спектакуларни огномети во Париз, Лондон, Дубаи, Њујорк

Катерина Ѓуровски

Жителите на Самоа и Кирибати веќе ја дочекаа Новата 2025 година

Сиљановска-Давкова: 2025-та да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Продолжуваме да работиме на економскиот напредок, борба против криминалот и корупцијата и евроинтеграциите, 2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите

Филипче: Во годината што измина Владата заборави на граѓаните, го срози животниот стандард, го блокираше напредокот

Предраг Петровиќ