Осумгодишната Тејлор Мокси неодамна ги победи возрасните конкуренти на натпреварот во правење проја во Мајами и ја доби првата награда.
Иако има само осум години таа заработува илјадници долари, продавајќи ги своите колачи во корпи.
-Доколку имам клиент во понеделник, кога ќе дојдам од училиште, веднаш започнувам да ги подготвувам, бидејќи морам да одам и на танц – вели таа, а дел од своите приходи ги донира во фондот за подигање на свеста за дислексија.
По победата многумина обожаватели одлучија да ги пробаат нејзините специјалитети, со што таа стана локална ѕвезда.
Според зборовите на нејзиниот татко, Вернон Мокси, луѓето започнале да се јавуваат кога слушнале дека победила и да прашуваат дали деновиве ќе продава колачи.
Малата ѕвезда ги прифаќа советите на телевизиските готвачи и ужива гледајќи ги емисиите кои што се поврзани со приготвување храна.
Е. Г.