Со настапот на групата „Млад бенд“ синоќа на Скопското кале почна 8. Традицонален гумански викенд со пиво „Пиволенд 2015“.
Манифестацијата ја отвори градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, кој им порача на присутните дека за време на петте фестивалски денови ќе имаат можност да дегустирате над 50 видови домашни и странски пива и да уживаа во големата понуда на македонска традиционална храна од различни ресторани.
Фестивалот на пивото го организира Град Скопје и „Темов“, а за годинашната манифестација од буџетот на градот се одвоени 200.000 денари.
Од музичкиот дел на фестивалот ќе настапат Д.Н.О., Ласт Експедишн, Суперхикс, Смат, Културно Уметнички Работници, Тони Зен со бендот Флека, Есма Реџепова, Верка, Барбарела и многу други. Од регионот ќе гостуваат популарниот панк-фолк бенд Бркови од Хрватска, Блендед Бру од Данска и Лемон Бакет Оркестра од Канада, бенд од 15 луѓе, светски познат над 500 концерти годишно.
Како и минатата година и сега е организиран втор стејџ на кој ќе се претстават над 30 музичари и диџеи, а најдобрите пет ќе имаат можност да настапуваат и на главиот стејџ на „Пиволенд“, секој ден од 19 часот.
Влезот на Пиволенд е бесплатен, а за сите љубители на забавата и пивото ќе бидат организирани забавни катчиња.