Фото конкурс на ОНЕ за најдобра зимска Инстаграм фотографија

Од:

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ го најави стартот на фото конкурсот за најдобра зимска Инстаграм фотографија, насловен како ONE#Zimogram што ќе се одвива во три фази.

Во првата фаза, од 29 јануари до 28 февруари сите заинтересирани можат да ги пријават своите фотографии на Инстаграм со додавање на тагот #Zimogram на својата јавно објавена фотографија. Во втората фаза од 1 до 6 март, тричлено стручно жири ќе ги одбере најдобрите фотографии, за кои, во периодот од 6 до 15 март, ќе се гласа на Facebook фан страницата на ОНЕ. За 15 март е предвидено прогласување на победниците на Facebook страницата на ОНЕ.

Авторот на најдобрата фотографија ќе биде награден со еден Samsung Galaxy SIII mini, а авторите на второ и трето избраните фотографии со специјално дизајнирани ракавици за екрани на допир.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“

Ана Ололовска

Промоција на монографија „АКТ – Театарот низ фотографии”

Ана Ололовска

Во Кичево отворена изложба на фотографии со ликот на Тоше Проески

Ана Ололовска

Изложба со фотографии кои го претставуваат мултикултурализмот во Струга

Ана Ололовска

Изложба на фотографии за човековите права во „Ист Гејт Мол“

Ана Ололовска

Годишна изложба на членовите на фото клубот „Чкрап“ од Тетово

Ана Ололовска