Токио е познат по пренаселеноста, па да се има стан кој е поголем од гарсоњера, е вистинско богатство.
Во согласност со тоа, ноќевање во хотел може да биде многу скапо.
За да се реши проблемот со високи цени, направен е капсула – хотелот, каде што луѓето се сместуваат во „соби“ не поголеми од ковчег.
Овој концепт постои веќе 30-тина години.
Таков е и Capsule & Sauna Century Shibuya во Токио, кој се почесто е интересен и за туристи.
Секој кат на хотелот има по еден тоалет, а во истата просторија е и сауната, каде што има телевизори.