Студијата објавена во списанието Plos One покажува дека луѓето пијат многу побрзо од заоблени чаши во споредба со рамните, а истражувачите сметаат дека тоа се должи на фактот што заобленото стакло го отежнува правилниот ритам на пиење.
Времето на испивање на пивото од рамни чаши било за 60% поспоро во однос на заоблените.
Студијата меѓутоа го мерела само времето на испивање на еден пијалок, така да не се знае што се случува при вечерните излегувања кога се пие повеќе пијалок. Од порано е докажано дека формата на чашата влијае на количината на алкохол што се пие. Една студија покажа дека веројатно луѓето ќе наточат повеќе пијалок во ниска и широка чаша отколку во висока и тесна.