Филмот „Дина: Втор дел“, продолжението на епската научно-фантастична авантура на Денис Вилнев, постигна импресивен успех на светските кино благајни, заработувајќи над 200 милиони долари за само три дена од прикажувањето.
Поточно, филмот заработи 217 милиони долари на глобалниот бокс офис, со што е првиот филм оваа година кој ја надмина границата од 200 милиони долари, а се уште не започнал да се прикажува во Кина и Јапонија.
Се очекува „Dune: Part 2“ во наредните недели лесно да го надмине својот претходник, кој во кината заработи 435 милиони долари.
Филмот има буџет од 190 милиони долари, а за да биде профитабилен за студиото мора да заработи најмалку 500 милиони долари, пишува „The Hollywood Reporter“.
Експертот за благајните Скот Менделсон предвидува конечна глобална заработка од 570 до 630 милиони долари.
Да потсетиме, најновиот филм на Вилн, вториот дел на Дина, е и негов најдолг филм и трае вкупно 166 минути, што е за 11 минути подолг од претходниот. Продолжението на приказната се надоврзува на првиот филм и го следи Пол Атреидс (Тимоти Шаламет), кој со војската на Фремен војува против злобното семејство Харконен.
Филмот ги воодушеви критичарите и гледачите, а во еден момент од неговото прикажување, пред неговото прикажување во кината, беше највисоко оценет филм на IMDb со оцена 9,4/10. Успеа да го престигне култниот класик „The Shawshank Redemption“, како и филмовите „The Godfather“ и „The Dark Knight“.