Први почнаа да ги носат средовечните жени во кинескиот град Чингдау како додаток на традиционалните костими за капење. Меѓутоа, маските за заштита на кожата на лицето од сонце, фејскините, после фото-репортажата во списанието „CR Fаshion Book“, станаа глобален хит.
Њујоршкиот моден магазин CR Fashion Book, кој го покрена поранешната уредничка на парискиот Вог, Карин Роитфилд, неодамна објави фото-репортажа со модели кои носат фејскин, шик костими за капење и гламурозен накит.
Интернет корисниците се воодушевија од овој, сега веќе, неизоставен моден додаток за лето.
За два дена темата инспирираше 12 милиони постови на кинескиот Твитер-Веибоу.
– Повозрасните Кинески сега се во центарот на модното внимание. Ми се чини дека крадците на банки се затрчале на плажа, се амо некои од коментарите на социјалните мрежи.
Можеби инспирирани од Спајдермен, посетителите на плажата во кинексиот град Чингдау пронајдоа иновативен начин да ја заштитат нивната кожа од сонце уште пред неколку години. Тоа најпрво предизвика потсмев, но сега фејскините полека го освојуваат целиот свет.
Кога станува збор за избегнување сонце, кинеската креативност, пишува Би-Би-Си, делува непресушно.
Покрај фејскините, Кинезите користат специјални чадори за сонце кои ги блокираат УВ зрачењата, а таква заштита може да се инсталира на велосипедите. Често носат и ракави кои го блокираат сонцето и кои можат да се извадат, но и наметка, налик онаа на Бетмен.
На кинеската телевизија, рекламите за волшебни креми за избелување на кожата се чести на секој канал. Белиот тен е олицетворение на убавина и неа ја имале само богатите жени кои не морале да работат во полето.
За разлика од Кинезите, Западњаците страдаат за исончана, бронзена кожа. Додека солариумите на запад се вообичаени, во големите кинески градови се навистина ретки.