Многу корисници на социјалните мрежи ширум целиот свет алармираа дека синоќа неколку часа имале проблеми со пристап на Фејсбук.
Корисници од Романија, Италија, Нигерија, Велика Британија… на Твитер се пожалија дека не можат да пристапат до нивниот профил.
Кај некои се појавило известување дека профилот привремено им е недостапен.
Пред неколку дена Фејсбук 20-тина минути беше надвор од функција во целиот свет.
Ако Фејсбук повтроно „падне“ и ги остави своите корисници во „социјален мрак“, за тоа сигурно повторно ќе читаме на Твитер, коментираат злобниците.