Фејсбук негира дека бил цел на хакерски напад

Од:

Социјалната мрежа Фејсбук, што изутринава беше недостапна во период од 50 минути, ги негираше тврдењата дека била цел на хакерски напад.

– Голем број луѓе имаа проблеми да влезат на Фејсбук и Инстаграм. Тоа не е поради напад од трета страна, туку станува збор за надградба на нашите конфигурациски системи, објави компанијата.

Хакерската група „Лизард сквод“ претходно презеде одговорност за уривањето на популарните социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм, чии корисници ширум светот изутринава не можеа да пристапат до своите профили во период од најмалку 40 минути.

Сајтот „Раша тудеј“ наведува дека зад нападот на социјалните мрежи стојат хакерите од групата „Лизард сквод“, кои се поврзани со терористичката група Исламска држава. Хакерите од оваа група вчера извршија кибер напад и врз сајтот на малезиската авиокомпанја „Малејжа ерлајнс“.

Хакерската група „Лизард сквод“ објави на „Твитер“ нејасна порака: Фејсбук, Инстаграм, Тиндер, ЕјАјЕм, Хипчат #офлајн #Лизард сквод.

Корисниците на Фејсбук на сајтот можеа да прочитаат: „Извинете нешто не е во ред. Работиме на тоа и ќе го отстраниме проблемот, што е можно побрзо“, додека Инстаграм на Твитер објави дека се запознати со проблемот и дека работат на неговото решавање.

Фејсбук има околу 1,25 милијарди, додека Инстаграм околу 300 милиони корисници во светот.

Би можело да ве интересира

Отказ добија пет отсто од вработените во Facebook, Instagram и WhatsApp

Горан Наумовски

Неколку апликации на Мета не работат правилно на неколку локации во светот

Турција го деблокираше Инстаграм по девет дена

Турција го блокираше пристапот до Инстаграм

Нов проблем со апликациите „Вотсап“ и „Инстаграм“

Инстаграм повторно „падна“

Горан Наумовски