Фановите на филмот „Џејмс Бонд“ во отворено писмо побараа одложување на првото прикажување на новиот филм „Не е време за умирање“ (No Time To Die), поради стравот од коронавирус.
Лондонската премиера е закажана за 31 март, а американската на 10 април.
По тој повод, обожавателската страница „MI6-HQ“ објави јавен повик студијата „МГМ и Јуниверзал“ да го одложат прикажувањето на филмот.
„Време е филмските судија да го стават јавното здравје пред маркетинг-термините и тоа – колку откажувањето ќе чини“, се вели во написот.
Државите што се најмногу погодени од коронавирусот, веќе воведуваат забрана за јавни собири на поголеми групи луѓе.
Италија и Кина веќе ги затворија кино салите поради вирусот.