Апликациите за брзо допишување стануваат сè попопуларни, па претставниците на Facebook планираат својата апликација Messenger да ја збогатат со додатоци и на тој начин да направат нова верзија на сервисот WhatApp.
Опцијата за размена на пари преку овој сервис е само еден чекор кон тоа. Идејата која Марк Цукерберг сака да ја реализира веќе е видена кај сервисите WeChat и Line.
Тие претставуваат единствен канал низ кој корисниците може да се допишуваат, вршат повици, играат игри и да споделуваат различни содржини. Се очекува Facebook овие бројни функции да ги открие на конференцијата Ф8, која почнува утре.