Минатата година Европејците патувале милијарда пати. Навистина, само четвртина од нив отпатувале надвор од границите на својата земја, но и со 241 милиони патувања во сранство, Европејците важат за достојни наследници на Марко Поло.
Дека сакаат да патуваат е првиот факт што ги карактеризира европските патници, додека втор е дека обожуваат кратки патувања. На „кратки одмори“ најмногу сакаат да одат Шпанците, Белгијците, Чесите, Данците, Полјаците, Романците, Унгарците, Литванците, Италијанците, Французите, Германците…
Кога станува збор за вистинскиот, класичен одмор од најмалку десет дена веднаш се издвојуваат романските народи: Италијанците, Шпанците, Французите, Португалците и Романците.
Другите нации не сакаат толку опуштени патувања, туку речиси сите се залудени со викенд-одмори низ својата земја. Во тоа предничат Романците, кои во 99 отсто случаи патуваат за време на викендите исклучиво низ земјата, а со повеќе од 90 отсто ги следат Полјаците, Чесите, Белгијците, Данците, Германците, Шпанците, Французите, Италијанците, но и остатите.
Единствено Словенците имаат поинаква култура на патувања, па секогаш предност им даваат на околните земји.
Љубовта кон татковината не чуди кога ќе се зема во предвид дека на викенд во земјата Европејците трошат во просек по 130, а во странство 339 евра. На плажите во странство остануваат по 11 дена и трошат по 850 евра.
Ова е единствениот податак што во статистиката се намалува.
Долгите одмори Белгијанците и Малтежаните речиси и да ги мразат, бидејќи на нив заминуваат само 12 отсто!
И кај останатите летувањата како веќе да не се задолжителен ритуал.
Локациите и местата што ги привлекуваат Европејците со години веќе не се менуваат, бидејќи покрај Шпанија, Грција, Италија, Турција и Египет, од градовите и натаму најомилени се европските метрополи и Њујорк.
Со 312 милијарди потрошени евра на патувања, Европејците важат за големи потрошувачи, но не се ни приближни до Русите, Кинезите, Индијците и останатите жители на земјите во експанзија.
Во просек, на патувања жителите на стариот континент трошат по 349 евра, а ноќевањето го плаќаат по 64 евра.
На патувања најмноги одат Германците, кои годишно патуваат 214 милиони пати, подеднако и низ земјата и низ странство. Втори се Французите со 203 милиони патувања, кои секогаш предност и даваат на својата земја. Трети се Британците со 116 милиони патувања.
МИА