Кралицата на ромската музика Есма Реџепова од вчера е во болница во Скопје. Била примена во тешка состоба, а докторите и денес се обидуват да ја стабилизираат, објави порталот Сакам да кажам.
Нејзините блиски потврдија дека Есма има здравствени проблеми, но се надеваат дека се ќе биде во ред и не сакаат да даваат официјални изјави.