„Ербас“ има планови за „ѓеврек авион“ налик на леталата од „Ѕвездени патеки“

Од:

Компанијата „Ербас“ поседува патент што повеќе наликува на летало од серијата „Ѕвездени патеки“ отколку на редовен патнички авион.

Седиштата за патниците кружно се сместени, заради што уште сега ова летало го доби името „ѓеврек авион“. Геометриската форма на авионот е дизајнирана така што патниците кои ќе седат во предниот и задниот дел да бидат целосно ослободени од стрес. Овој специфилен начин на седење и формата на авионот ќе влијаат да има поголем број патнички седишта.

Сепак, портпаролот на „Ербас“ вели дека овој модел се уште не е во прозводство. „Во нашата компанија се вработени многу умни луѓе кои имаат феноменални идеи. Кој знае, можеби некои од тие идеи ќе ја видат светлината на денот во блиска иднина“.

Некои од тие други оригинални идеи на вработените на „Ербас“ вклучуваат и „стоечки“ седишта, налик на велосипед, како и виртуелни шлемови за забава на патниците.

Меѓутоа, се чини, дека засега „ѓеврек авионот“ е преголем залак.

Како што за „Фајненшл тајмс“ изјави еден аналитичар од Лексинтон институтот, кој патем е финансиран од конкурентската компанија „Боинг“, „тој никогаш порано не слушнал дека некој предложил вакво нешто“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици