Емилија Розман македонска претставничка за Мис на светот 2015 во Саниа

Од:

Емилија Розман, 23-годишна студентка од Скопје, ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис на светот што од 21 ноември до 19 декември ќе се одржи во Саниа, на кинескиот остров Хајнан.

Розман за учество на престижната манифестација ја делегира Агенцијата Мисс М, како овластен организатор на изборот на Мис на Македонија за Мис на светот.

Емилија Розман

Според Агенцијата, со своите квалитети како апсолвент на Дефектологија, а воедно студент и на катедрата за шпански јазик и литература при Филолошкиот факултет во Скопје, модел, крводарител и активист на Црвениот крст, таа вистински претставува голема надеж за висок пласман меѓу 130-те кандидатки кои ќе се натпреваруваат во новоизградениот хотелски комплекс „Beauty Crown Grand Tree“ со
7+ ѕвездички.

Организаторите на Мис на Светот и кинеските домаќини ветуваат една од досега најгламурозните финални вечери на овој избор, која ќе имаат можност директно да ја следат и нашите гледачи.

– Цврсто веруваме дека сите граѓани на Македонија подеднакво ја чувствуваат важноста за учеството на оваа реномирана светска манифестација, која ја гледа и пренесува целиот свет и каде ќе не претставува вистинскиот амбасадор, кој со својата убавина на најубав начин ќе го претстави својот народ, нашата култура и нашата држава. Искрено се надеваме и на сестраната поддршка на својата сограѓанка во периодот на нејзините подготовки до 20. ноември, бидејќи овојпат и тоа ќе биде повод за специјално жирирање и награда во финалето на Мис на светот, велат од Агенцијата Мисс М.Ова е 14. учество на Република Македонија на изборот на Мис на светот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Убавицата од Јамајка прогласена за нова Мис на светот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мис Филипини e новата Мис Универзум

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мексиканката Ванеса Понсе де Леон е нова Мис на светот

Ана Ололовска

Избрана Мис Америка 2019

Ана Ололовска

ВИДЕО: Претставничката на ЈАР ја доби титулата „Мис Универзум“

Ана Ололовска

Мануши Чилар од Индија е Мис на светот 2017

Ана Ололовска