Електричната цигара – решение или хроничен проблем

Од:

Две важни прашања се поставуваат при користењето на електричната цигара: Дали пушачите навистина можат да се откажат од цигарите заменувајќи ги со овој вид на е-цигара и дали всушност со ова решение тие само заменуваат една канцерогена материја со друга?

Електричната цигара содржи мешавина од никотин и пропилен гликол и е одличен начин да се ослободите од цигарите. Но, таа го загадува воздухот со никотин и другите хемикалии што ги содржи, а нив многу често производителите не ги пишуваат во декларацијата, пишува „sciencebasedmedicine.org”.

Количината на никотин во секоја ваква цигара е различен, а покрај него пушачот вдишува и други хемикалии како што се пропилен гликол или растителниот глицерол. Можеби тие се подобри отколку токсичните состојки во обичните цигари, но дали е во ред овој вид на уживатели да го загадуваат просторот на непушачите кои воопшто немаат потреба за никотин?

Со користењето на електричните цигари, пушачите се однесуваат како да нема испарувања и дека тоа е сосема нормално, така што останатите околу нив можат слободно да дишат. Затоа и во многу земји на одредени места се забрани употребата на овие цигари, пример во јавните површини на Австралија, Бразил, Канада, Финска, Панама, Израел, Мексико, Сингапур, Њујорк (САД) и Орегон (САД), додека во американскиот град Бостон е забранета само нивната употреба во работните простории. Една од причините е фактот дека никотинот е супстанца која предизвикува силна зависност. Тој веднаш штом ќе достигне до мозокот, за помалку од 10 секунди ја презема контролата.

Пропилен гликол се користи во производството на антифриз и многу козметички производи затоа што се покажа како супстанца која добро ја заддржува влагата. Тој може исто така да ја надразни кожата и да доведе до оштетување на мозокот, црниот дроб и бубрезите, па дури и болести како што се ракот, алергиите и труењето на нервните клетки.

И покрај фактот што производителите тврдат дека дневната доза која се внесува преку e-цигарите е безопасна, сепак некои студии укажуваат на тоа дека е-пушењето доведува до моментални промени во дишните органи, односно предизвикува стрес во респираторниот систем. Долгорочните последици се уште не се истражени.

Одлуката е сепак ваша. Ако сте одлучиле да се откажете од цигарите, направете го тоа веднаш без алтернативни решенија. Телото ќе се исчисти од никотинот во рок од три дена.

 

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум