Американскиот актер и режисер Џорџ Клуни го прими „Златниот лав“ за животно дело на церемонијата на отворањето на 83. Филмски фестивал во Венеција.
Примајќи го престижното признание, Клуни порача дека луѓето, без разлика на јазикот и потеклото, ги делат истите грижи, соништа и емоции. Според него, уметноста и новинарството имаат важна улога во спротивставувањето на политиката на страв.
„Никој не се смее, никој не плаче на различни јазици. Родителите се грижат на ист начин, сонуваме на ист начин. Затоа е тешко да се поверува дека сите сме толку различни како што ни велат. Живееме во време во кое ни велат дека треба да се плашиме едни од други, но не е така“, рече Клуни, откако наградата му ја врачи неговата колешка Лора Дерн.
Клуни се пошегува и на своја сметка по повод наградата за животно дело. Раскажувајќи како реагирал кога ја добил веста за признанието, тој рече дека прво помислил: „Каква чест“, а потоа се запрашал: „Можеби тие знаат нешто што јас не го знам, дали разговарале со моите лекари?“
