Џони Деп конечно ги среди забите

Од:

Минатата година Џони Деп ги загрижи фановите со својот изглед, а најголемо внимание привлекоа неговите заби кои изгледаа како да се целосно скапани.

Актерот сега е снимен на одмор на Бахамите и изгледа целосно опуштено и расположено.

Тој се ракуваше со обожавателите во кафуле, па дури и застана зад шанкот и му помогна на келнерот да си ја подготви пијачката.

Деп на видеото се смееше неколку пати, а фановите во коментарите забележаа дека 61-годишниот актер си ги поправал забите.

„Мислам дека забите му изгледаат подобро од било кога“, „Забите конечно се исправени и бели“, „Дефинитивно ги среди забите. Изгледа подобро од кога било“, продолжија коментарите.

Потсетуваме, славниот актер отсекогаш имал проблеми со оралната хигиена, а тоа го потврдува и неговата изјава од 1995 година за магазинот Premiere.

“Имам многу кариес. Направив коренски канал пред осум години и уште не е завршен. Тоа е како мало расипано парче. Горд сум на своите заби”, рече тогаш Деп.

Тој исто така кажа дека не сака луѓе со чисти бели заби. Тој изјави дека и покрај лошите заби, не сака да престане да пие црвено вино и да пуши цигари.

Би можело да ве интересира

Вил Смит на новиот албум: Морав да го вратам Оскарот затоа што сум црнец

Предраг Петровиќ

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

(ВИДЕО) Свршеницата го разоткри Калкин: „Не знае да вози, никогаш не праел алишта…

Предраг Петровиќ

Детал кој менува сè: Што ќе се случи со богатството на Џин Хекман од 90 милиони долари

Предраг Петровиќ

Марко Бошњак ја коментираше својата сексуална ориентација: „Сакам да живеам отворено и да не се кријам“

ВИДЕО: Принц од Врање оди на Евровизија