Џенифер Лопез во шоуто на Елен де Џенерис првпат прозборе за врската со бејзбол ѕвездата Алекс Родригез. Пејачката рече дека таа и Родригез не ја поминале ноќта заедно на првиот состанок.Таа го опиша како добар човек и господин.
– Не, мајка не поминува заедничка ноќ на прв состанок, рече Лопез.
Иако во врска се неколку месец, Лопез и Родригез неодамно јавно кажаа дека се вљубени.
– Јас бев на ручек и го видов додека поминуваше покрај мене. Излезе од ресторанот и од некоја причина имав потреба да го допрам по рамото и му реков „здраво“, рече пејачката.
Во обид да го задоволат интересот на јавноста, водителката ја праша пејачаката дали планираат односот да го кренат на следното ниво и да имаат деца.
– Ох. Боже. Моментално ни е само убаво кога сме заедно, рече Лопез.