Латино пејачката и глумица Џенифер Лопез вчера го прослави својот 49. роденден на Бахамските Острови, со своето момче и со блиски роднини и пријатели. Притоа, таа го покажа и своето атлетско тело.
Нејзиното ново момче Алекс Родригез (43) е поранешен бејзбол играч. Тие се заедно речиси година ипол.