Џек Николсон непрепознатлив, за прв пат виден после година и пол

Од:

По 18 месеци непојавување во јавноста, холивудскиот актер Џек Николсон конечно е виден на балконот на неговиот имот во Беверли Хилс.

Неговата состојба со месеци ги загрижува неговите пријатели, кои стравуваат дека актерот ќе умре сам, исто како и неговиот поранешен сосед и колега Марлон Брандо.

Во четвртокот, Николсон беше фотографиран како ужива во свежиот воздух на својот дом, кој гледа кон кањонот Френклин. По тој повод, актерот облече широка портокалова маица и спортски панталони, а папараците го фотографираа потпрен на оградата од балконот. Николсон згледаше дека штотуку се разбудил.

Џек Николсон е веројатно најпознатиот холивудски ерген, иако беше во брак четири години пред да пристигне во Холивуд. Неговата најпозната романса со Анџелика Хјустон (71) заврши пред речиси 25 години.

Трикратниот оскаровец последен пат беше виден во октомври 2021 година, заедно со неговиот син Реј (31), кој седеше покрај теренот и гледаше натпревар на ЛА Лејкерс. Според извештаите, Реј е еден од ретките луѓе со кои Николсон е во контакт.

Би можело да ве интересира

Џек Николсон: Не сакам нови улоги

Горан Наумовски

Децата му се единствена врска со светот-Џек Николсон боледува од деменција

Предраг Петровиќ