Џек Николсон: Не сакам нови улоги

Од:

Холивудската легенда Џек Николсон последен пат се појави во романтичната комедија „How Are You“ пред 13 години, покрај Рис Витерспун и Овен Вилсон. Иако официјално не го објави своето пензионирање, вечниот шармер на Холивуд тивко се повлече од сцената и од тамошната гужва.

Медиумите речиси и да немаат пристап до ништо од неговиот приватен живот, освен што повремено се појавува некој од неговите блиски пријатели и дава некакви информации.

Еден од нив е Лу Адлер, продуцентот, кој неодамна во подкаст спомна дека Џек сè уште ги одбива сите понуди за филмови и дека „сака да биде тивок“.

„Тој сака да биде тивок, да го живее животот што го сака, да ужива во едноставните работи“, вели Адлер.

Кога неодамна доби профитабилна понуда за нов филм, Џек брзо одговори:

„Не сакам да го правам тоа. Знаеш ли што направив денес? Седнав под дрво и читав книга“, вели Николсон.

Дел од новото побавно темпо на живот е тоа што поретко ги посетува своите сакани Лејкерс, иако со години беше редовен навивач во првиот ред. Заслуженото пензионирање дојде по многубројните улоги во филмовите кои одамна го добија епитетот „класици“, а кои сè уште се меѓу најомилените од големата филмска публика.

Би можело да ве интересира

Џек Николсон непрепознатлив, за прв пат виден после година и пол

Децата му се единствена врска со светот-Џек Николсон боледува од деменција

Предраг Петровиќ