Џејмс Корден повторно домаќин на доделувањето на Тони наградите

Од:

Британсиот глумец и комичар Џејмс Корден, водител на популарното американско „Лејт лејт шоу“ соопшти дека вторпат ќе биде домаќин на доделувањето на наградите Тони, што ќе се одржи во Њујорк.

– Бродвејската заедница ми е драга на срцето и бескрајно сум горд што ќе бидам дел од оваа посебна ноќ, изјави Корден.

Тони театарските награди во 2016 година, кога исто така, беше домаќин, ги засени масовниот масакр во геј-клуб во Орландо, па уметникот тогаш говореше за разноликоста на Бродвеј, истакнувајќи дека „театарот е место каде што припадници на сите раси, вери и сексуални ориентации се еднакви и сакани“, и дека „омразата никогаш нема да победи”.

Корден и самиот е добитник на Тони за најдобар глумец за претставата „Еден слуга, двајца господари“ во 2012 година.

Номинациите ќе бидат објавени на 30 април, а тричасовната свеченост ќе се одржи на 10 јуни во њујоршката сала „Рејдио сити мјузик хол“.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“