Џејмс Греј ќе снима филм за „младиот Доналд Трамп“

Од:

Американскиот режисер Џејмс Греј најави дека ќе снима филм за животот од младоста на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Филмот, чиј работен наслов е „Armageddon Time“, ќе говори за „младиот Доналд Трамп“ и неговиот татко Фред, магнат во секторот за недвижен имот.

Греј ќе биде и сценарист на филмот, што ќе се снима во приватното училиште „Ки Форест“ во Квинс во Њујорк, каде тој е роден и го минал детството.

Според најавите, Греј со овој филм сака да направи еден вид спомен на своето детство минато во Квинс, каде Фред Трамп бил влијателен член на заедницата.

Продуцентот на филмот Родриго Тејксеира изјави дека делото ќе биде еден вид „лична историја“ на Греј.

Греј и претходно сними два полуавтобиографски филма, „Little Odessa“ и „We Own the Night“, кои привлекоа големо внимание меѓу жителите на Квинс, посебно меѓу младите.

Би можело да ве интересира

Отворено јубилејното 40. издание на „Браќа Манаки”

Васко Маглешов

Во Битола вечерва почнува Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“

Почна снимањето на филмот „Сирена во Париз“

Ана Ололовска

Филмот „Петрунија“ доби награда за режија на фестивал во Минхен

Ана Ололовска

„Господ постои името ѝ е Петрунија“ во трка за наградата „Лукс“ на Европскиот парламент

Ана Ололовска

Работилница за филмски маркетинг со Матијас Ношис, основач на „Алфапанда“

Ана Ололовска