Бидејќи последниот дел од долгогодишниот „Џејмс Бонд“ серијал – филмот „Не е време за умирање“ ја означи последната изведба на Даниел Крејг како 007, минаа тони гласини за тоа кој би можел – и кој треба да ја наследи неговата улога во идните филмови? Еден од можните кандидати е и Двејн „Карпата“ Џонсон…
– Би сакал да ги следам неговите стапки и да бидам следниот Бонд, прокоментира ѕвездата на „Црвениот бележник“ (Red Notice), притоа нагласувајќи дека не би сакал да го глуми „лошиот лик“. – Тоа ќе мора да биде Бонд!, истакна Двејн.
Патем, дедо му Питер Мајвија го глумеше противникот на Шон Конери („Џејмс Бонд“) во „Само двапати се живее“ (You Only Live Twice) од 1967 година.