„Дванаесетта ноќ“ ќе го отвори 6. Скупи фестивал

Од:

Со претставата „Дванаесетта ноќ“ на Националниот театар од Косово вeчер ќе биде отворен шестиот по ред Меѓународен театарски Скупи фестивал. Во рамките на фестивалот, кој ќе трае до 18 ноември, во Македонскиот народен театар ќе бидат прикажани уште седум претстави.

Публиката ќе има можност да ги проследи претставите „Игри позади куќа“ и „Амалиа диши длабоко“ на АКТ Театар од Букурешт,  „Животинска фарма“, независна продукција од Тел Авив, „За еден кажан збор“ на Билис Театар од Фиер, Албанија, „Кокошка“ на Драмскиот и куклен театар „Иван Радоев“ од Плевен, Бугарија, „Боженствена комедија 3.0“ на Милитеатар од Хелсинки и „А Плус“ – продукција креирана при „Европска работилница за актери – автори“.

Мотото на годинашниов фестивал е „Помеѓу животот и театарот“. На фестивалот ќе биде доделена една награда, Гран-при за најдобра претстава во целина, за која ќе одлучи жирито во состав – Ана Багриана, Салаетин Билал и Емил Рубен.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот