Думата ќе му го честита 64-от роденден на Путин со 450 рози

Од:

Пратениците од Думата одлучија да му испратат на рускиот претседател Владимир Путин, кој денеска полни 64 години, кошница со 450 рози, по предлог на пратеничката Валентина Терешкова од Единствена Русија.

– Денеска е роденден на нашиот претседател Валдимир Владимирович Путин. Да го поздравиме од името на пратениците од Думата и да му посакаме успех, нагласи Терешкова во почеток на пленарна седница.

– Тука сме 450 пратеници. Предлогот е да му испратиме 450 рози, продолжи познатат жена космонаут.

Претседателот на парламентот Вјачеслав Володин и заблагодари на Терешкова за иницијативата и ги праша пратениците: – Има ли забелешки?
Никој од пратениците немаше забелешки.

Би можело да ве интересира

Трамп: Русија нема да ги нападне американските сојузници

Стармер: На Украина и се потребни дополнителни безбедносни гаранции поради амбициите на Путин

Путин: Руското тактичко нуклеарно оружје е во Белорусија

Јермак: Украина нема да се согласи на замрзнат конфликт

Зеленски: Уште една руска манипулација

Лукашенко: Украинците нема да се согласат на прекин на огнот

Горан Наумовски