Доживејте го магичниот свет на сказните

Од:

Skopje City Mall ја заокружува 2017-та со Магична сказна која ќе трае до 9-ти јануари 2018 година.

Во рамки на овој настан се организираат многу интерактивни содржини, креативни работилници, можност за интересно фотографирање во духот на новогодишните празници и многу други забавни содржини.

За време на викендите ќе се организираат театарски претстави, како „Новогодишна Дизни бајка”, „Дедо Мраз и волшебната шума”, „Снежната кралица”, „Новогодишни волшепства” и многу други.

Дедо Мраз ќе ги раскажува своите најинтересни приказни секој петок, сабота и недела, на вториот кат во Skopje City Mall. Ќе има и музички матинеа, и тоа: Волшебен саксофон, Распеаниот Дедо Мраз, Фалсето детски хор, Дизни класици, Магичната харфа, Пијано и виолина, покрај елката на влез Манапо и во одделот за храна на втори кат.

Како настан кој е создаден за најмладите, во рамки на Магичната сказна ќе им биде дадена можност на дечињата да ја покажат својата креативност и способности, па така и за време на Магичната сказна ќе се одржува Фимо работилницата на Дедо Мраз. Малите посетители ќе можат заедно со Дедо Мраз да креираат и да се забавуваат.

Во Skopje City Mall започна и голема новогодишна хуманитарна акција во соработка со 12 македонски медиуми. На вториот кат од трговскиот центар поставени се 12 новогодишно декорирани елки, под која секој ќе може да донира подароци. Една елка – еден медиум. Секој од медиумите одлучи подароците, кои ќе ги собере под својата елка да ги донира за децата на едно социјално загрозено семејство.

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски