Џорџ Лукас оди во пензија

Од:

Авторот на култните филмски серијали „Војна на ѕвездите“ и „Индијана Џонс“, Џорџ Лукас, откри дека ќе се повлече од продукциската компанија „ЛукасФилм“, зошто во иднина сака повеќе да се посвети на работата на експерименталните филмови, пишуваат светските медиуми.

Оваа одлука за „пензионирање“ Лукас ја носи во својата 68 година, со цел да се посвети на филмови слични како на „експерименталното“ дело „THX 1138“, и на други проекти, на кои работел како студент на филмската Академија.

„Се повлекувам од работата во продукцијата. Ќе ги довршам започнатите обврски и потоа одам во својата гаража, каде ќе си правам филмови од хоби. Секогаш сум сакал да работам на филмови од експериментална природа, за кои не морам да се грижам дали ќе бидат прикажани во кино“, изјавил Лукас.

Одлуката на Лукас за повлекување ги доведува во прашање и плaновите за петтиот филм од серијалот за „Индијана Џонс“, како и телевизиската серија „Војна на ѕвездите“, кои се ставени на листа на чекање, поради состојбата во буџетот.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ