Славниот готвач Џејми Оливер има дури и свое сопствено списание кое се издава на двете страни од Атлантикот, но тоа не значи дека тој всушност го чита истото.
Имено, во едно неодамнешно интервју за Independent, Џејми Оливер призна дека никогаш во животот нема прочитано ниту една книга.
-Никогаш не сум прочитал книга. И знам дека звучи одвратно, но дислексичен сум и сé ми здосадува многу брзо. Единствена книга која речиси сум ја завршил е Kitchen Confidential од Ентони Бурдан. Но, тогаш тој дојде во Велика Британија и не престана да ме малтретира пет години. Па од чист принцип ја запалив. Оттогаш се извини и се смиривме. Сега веројатно би требало тоа да го прочитам до крај.