Дизни започна свој стриминг сервис

Од:

Медиумската корпорација Волт Дизни планира да покрене сопствени онлајн стриминг услуги за филмови, шоу и спортски програми во обид да допре до дигиталните гледачи кои се откажале од гледање на традиционалната телевизија.

Таа најголема светска забавна индустрија со тоа презема пресметан чекор, оценувајќи дека долгорочно ќе генерира поголем профит од своите сопствени услуги на претплата отколку од изнајмување на свои филмови на постојните даватели на стриминг услуги како што е Нетфликс.

Нетфликс, Амазон и ХБО веќе трошат милиојарди долари не само на купување, туку и на креирање сопствена содржина која директно ја дистрибуираат на своите гледачи.

Со влегувањето во дигитално подрачје, Дизни се обидува да ги освои пазарите на Амазон и Нетфликс, кои ја придобиле публиката со комбинација на оригинални програми достапни на барање и бизнис модел, фокусиран на месечна претплата наместо на приходи од реклами.

Би можело да ве интересира

Повлечени средства за дезинфекција на рацете на Дизни, содржат канцерогени материи

А1он

Почина Рути Томпсон, легендарна цртачка на старата „Дизни“

Ана Ололовска

Скарлет Јохансон го тужи „Дизни“ за стрим на „Црна вдовица“

Ана Ололовска

„Дизни“ затвора 18 ТВ канали во Југоисточна Азија и Хонгконг

Ана Ололовска

„Дизни“ на Денот на планетата Земја со нови еколошки планови

Ана Ололовска

Отворање на „Дизниленд“ од 30 април, но само за граѓаните на Калифорнија

Ана Ололовска