Дизни ја префла својата програма и на Твитер

Од:

Дизни и Твитер го објавија својот договор според кој продукциската куќа ќе создава содржини за друштвената мрежа, со фокус на програмите за нејзината подружница, спортската телевизија ЕСПН.

Содржините ќе вклучуваат емисии во живо, чијшто формат би требало да се знае неделава преку посебни реклами и известувања, соопштија компаниите во заедничко известување.

Тоа е важно партнерство за Твитер кој штотуку ги објави своите два први позитивни тримесечни биланси, па моментно се обидува да се зацврсти на економски план.

Видео-содржините веројатно ќе бидат и од останатите подружници на Дизни, како што се АБЦ и студиото Марвел.

Би можело да ве интересира

Повлечени средства за дезинфекција на рацете на Дизни, содржат канцерогени материи

А1он

Почина Рути Томпсон, легендарна цртачка на старата „Дизни“

Ана Ололовска

Скарлет Јохансон го тужи „Дизни“ за стрим на „Црна вдовица“

Ана Ололовска

„Дизни“ затвора 18 ТВ канали во Југоисточна Азија и Хонгконг

Ана Ололовска

„Дизни“ на Денот на планетата Земја со нови еколошки планови

Ана Ололовска

Отворање на „Дизниленд“ од 30 април, но само за граѓаните на Калифорнија

Ана Ололовска