Детскиот ликовен конкурс „Зимска приказна“ отворен до 30 декември

Од:

Во пресрет на Нова година и Божиќ, Амбасадата на Русија во земјава објавува нов детски ликовен конкурс „Зимска приказна“, посветен на традициите за овие празници во нашите две држави.

На конкурсот, кој е отворен до 30 декември, можат да учествуваат сите млади на возраст до 18 години.

Цртежите на наведената тема учесниците ќе можат да ги споделат на својот Фејсбук профил, кој треба да биде отворен и да го означат (тагнат) Фејсбук профилот на Руската амбасада или да ги испратат на е-mail на Амбасадата: [email protected] или на Фејсбук профилот на Амбасадата. Неопходно е да се наведат име и презиме, возраст, град на живеење и контактни податоци на авторот (телефонски број и e-mail).

Најдобрите цртежи ќе бидат објавени на официјалните страници на Амбасадата и Россотрудничество. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 13 јануари. На победниците ќе им бидат доделени награди и подароци.

Сите заинтересирани повеќе информации можта да најдат на следниот линк.

Руската амбасада информира дека на претходниот конкурс по повод Денот на Русија – „Русија преку очите на децата“ учествуваче повеќе од 50 деца.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скопје како воена зона, за Тошковски на Нова година било мирно

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот ја дочека 2025, спектакуларни огномети во Париз, Лондон, Дубаи, Њујорк

Катерина Ѓуровски

Жителите на Самоа и Кирибати веќе ја дочекаа Новата 2025 година

Сиљановска-Давкова: 2025-та да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Продолжуваме да работиме на економскиот напредок, борба против криминалот и корупцијата и евроинтеграциите, 2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите

Филипче: Во годината што измина Владата заборави на граѓаните, го срози животниот стандард, го блокираше напредокот

Предраг Петровиќ