Детали од истрагата: На Болдвин му рекле дека пиштолот е безбеден

Од:

Пиштолот од кој актерот Алек Болдвин пукаше на снимањето на филм и ја уби директорката на фотографија, му го дал помошник режисерот, кој му рекол дека е безбеден, покажуваат судските записи, а пренесува Би -Би -Си.

Според судските записи, неименуван помошник не знаел дека во реквизитите има муниција.

Директорката на фотографија Халина Хачинс почина откако куршум ја погоди во градите. Режисерот Џоел Соуза, кој бил веднаш зад неа, бил ранет. 48-годишниот режисер вчера бил пуштен од болница.

Полицијата соопшти дека ја зеле крвавата облека на Болдвин како доказ. Исто така, сите реквизити од сетот се одземени.

Болдвин беше испрашан од полицијата, но сè уште никој не е обвинет. Болдвин рече дека целосно ќе соработува со полицијата.

Неколку часа пред трагичниот настан за време на снимањето на филмот „Р’ѓа“ во Ново Мексико, дел од техничкиот персонал го напуштил местото на снимањето во знак на протест поради лошите услови за работа. Имено, луѓето кои работат на филмот се револтирани од условите во кои се снима овој нискобуџетен филм.

Минатата недела, пишуваат американските медиуми, најмалку едно лице се пожалило во продукцијата за безбедносни проблеми со оружјето.

Двајца вработени во „Ел-Еј Тајмс“ објавиле дека двојникот на Болдвин (лицето што го менува во одредени опасни сцени) минатата сабота случајно испукал два куршуми откако му било кажано дека пиштолот е „ладен“. Тоа е терминот што се користи како знак дека во пиштолот нема вистински куршуми.

„Тогаш требаше да се спроведе истрага“, рекол анонимен извор од сетот.

Тие испратија порака до продукцијата за тоа како имале повеќе инциденти со употреба на вистински куршуми.

Би можело да ве интересира

Болдвин се изјасни за невин по обвиненијата за убиство

ВИДЕО: Полицијата објави снимка од сетот на кој Болдвин ја застрела снимателката Хачинс

Катерина Ѓуровски

Полицијата добила налог да го заплени телефонот на Алек Болдвин

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Алек Болдвин: Не го повлеков чкрапалото

Ана Ололовска

Уште една тужба за Алек Болдвин

Ана Ололовска

Болдвин присуствуваше на комеморацијата за Халина Хачинс