Волт Дизни имал големи планови за своето одмаралиште со омилените ликови, а еден од нив е и сонот да се создаде експериментален прототип на заедница на иднината, пишува Budget Travel. Визионерот за жал умрел само неколку години пред да се отвори неговиот футуристички детски град во 1971 година во Орегон.
Комплексот е со големина на Сан Франциско
Волт Дизни Ворлд во Орегон е голем 103,6 квадратни километри. Толку голема површина заземаат цели градови, а речиси толку изнесува и копнената површина на Сан Франциско.
Градот вработува илјадници лица
Не е едноставно да се одржува овој забавен град, поради што Дизни Ворлд вработува околу 62 илјади лица и тоа го прави да биде една најсилните приватни компании во САД.
Вистинско место за губење очила
Секој ден вработените во Дизни Ворлд пронаоѓаат околу 200 чифта очила за сонце, кои ги носат во канцеларијата за загубени работи.
Мисирка која зборува
Големите мисиркини нозе, кои зборуваат прв пат и се претставени на јавноста во Дизни Ворлд во 1990 година, а оттогаш станаа толку популарни поради што се воведени и во другите Дизни паркови во светот. Секоја година во Волт Дизни ресортот се јадат околу 1,6 милиони мисиркини копани, а таму можат да се купат и сите видови на сувенири со мисиркини нозе како мотив.
Светот на Дизни може сам да се одржува
Во Дизни Ворлд, поточно на земјиштето Епкот, секоја година се одгледуваат околу 30 тони овошје и зеленчук. Таа храна се користи во кулинарската понуда на Дизни.
Даб, кој е заслужен за настанување на уште 500 дабови
Дабот на слободата на самиот Плоштад на слободата во т.н. Волшебно кралство е стар повеќе од сто години, а преку своите плодови – желадите, стана татко на повеќе од 500 дабови во неговата околина.
Апартманот Сонот на принцезата
Во дворецот на Пепелашка во Дизни Ворлд се наоѓа апартман наменет за принцезите, а во него можат да спијат шест лица. Големиот ЛЦД екран е претворен во волшебно огледало, а целиот апармант е преполн со интересни изненадувања во форма на најмодерни гаџети. За жал апартманот не може да се резервира, туку добитниците на ноќавањето во него се избираат случајо, како освојувачи на сонот на принцезата.
Света инфлација
На почетокот на работата на Дизни Ворлд влезницата за возрасни чинеше околу четири долари, а денес благодарение на инфлацијата таа цена се зголеми на дури 100 долари.
Капетанот Кум
Капетанот Ео, 3Д научно-фантастичниот филм, во кој глумеше Мајкл Џексон, пред прикажувањето во кино салите најнапред се претстави во Дизни Ворлд. Филмот го режираше Френсис Форд Копола, а го продуцираше Џорџ Лукас. По смртта на Џексон во 2010 година филмот повторно се прикажува во парковите на Дизни во светот.
Дизни Ворлд е еко френдли
Околу 25 километри од Дизни Ворлд е сместен на резерват кој покрива 12 илјади хектари мочуришно земјиште, кое компанијата го купи во 1990 година. Дизни обезбедува средства со кои се поттикнува зачувувањето на дивиот свет во резерватот како надомест за тоа што Дизни Ворлд и го одзел на природата со градењето на својот град.