Десет правила на секоја диета кои секогаш носат успеси

Од:

Повеќето диети се исрпувачки и тешки за следење, а нивните резултати исчезнуваат за неколку месеци и килограмите повторно се враќаат на нашето тело. За да го избегнете тоа, ви претставуваме десет правила кои ги советуваат сите здрави и ефикасни диети.

Слабејте полека

Сите нутриционисти ќе се согласат дека добрата и квалитетна диета е онаа со која не слабеете повеќе од еден килограм неделно. Доколку се случи да ослабнете повеќе, тоа значи дека покрај вода и масти, сте изгубиле и мускулно ткиво, што секако не е во ваш интерес.

Исфрлете го шеќерот, но не и мастите

Модерните нутриционисти советуваат намален внес на шеќери, но тоа не значи нужно и за мастите. Имено, вишокот шеќери кој го добиваме од храната која опфаќа тесто и леб, се таложи во вид на масни наслаги. Но, балансираниот внес на масти ќе допринесе да се чувствувате сити, а здравите масти се неопходи за да го негувате вашето здравје. Доколку во диетата ви недостасуваат масти, ќе чувствувате замор, глад и лошо расположение, а нема да имате ни голем успех во намалувањето на тежината.

Секогаш консумирајте појадок

Квалитетниот појадок е најдобриот начин да го започнете денот. Секоја добра диета вклучува појадок кој содржи квалитетни протеини, добри масти и здрави јаглехидрати. Најдобри решенија се тврдо варени јајца со интегрален леб или овесна каша со бобинки и јаткасти плодови по желба.

Јадете редовно

Сите успешни диети промовираат редодовни и планирани оброци во текот на денот. Може да имате и пет или шест оброци на ден, но важно е тие да бидат здрави, лесни и балансирани.

Променете го начинот на живот

Ефикасните решенија за слабеење вклучуваат промена на животните навики и не содржат никакви револуционерни хемиски препарати или магични средства кои незапирливо ги топат масните наслаги. Затоа не наседнувајте на сензационализмот на рекламите и воведете вистински промени доколку сакате да ги изгубите несаканите килограми.

Не заборавајте на протеините

Клучот за намалување на телесната тежина лежи во пониското ниво на шеќерот во крвта. Истото ќе го постигнете и со редовен внес на протеини, со оглед на тоа што тие го држат шеќерот во организмот под контрола.

Баланс во исхраната

Постојат многу диети кои се базираат на консумација на само еден вид на храна, што нужно води до дисбаланс во телото. Квалитетните диети во себе ги содржат сите потребни облици на храна и не проповедаат дека треба да јадете исклучително една „магична“ намирница.

Не ги бројте калориите

Науката и праксата потврдиле дека броењето на калории едноставно не придонесува за квалитетна контрола на тежината. Немасните колачиња со кафе ќе ви направат поголема штета во процесот на слабеење отколку да изедете кајгана со сланина и шолја чај. Затоа, не трошете си ја енергијата на броење на калориската вредност на она што го внесувате, бидејќи тоа може да ве одведе на погрешен пат.

Физичката активност е задолжителна

Без здрава телесна активност нема да постигнете здраво слабеење, без разлика како се исхранувате.

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Пет утрински навики кои му пречат на слабеењето

Ана Ололовска

Повеќе од една четвртина од Русинките страдаат од дебелина

Ана Ололовска