Традиционалниот карневал во Венеција датира уште од 11. век, а со мали прекини ги привлекува вљубениците во добрата забава и маскирањето од целиот свет. Оваа година од 26 јануари до 14 февруари посетителите ќе можат накусо да го скријат своето вистинско јас под раскошните маски.
– Венеција е позната како Град на мостовите, а вкупно има 417 мостови од кои 72 се приватни. Мостовите немаат скали, бидејќи на нив се до 16. век редовно минувале коњи.
– Најтесната улица во Венеција е широка 53 сантиметри и го носи името Калета Варасико.
– Лавот е еден од најпрепознатливите симболи на Венеција, а според легендата ангелот на евангелистот Марко му се прикажал во форма на лав и му најавил дека еден ден ќе го слави.
– Гондолата во просек е долга 11 метри, а тешка речиси 600 килограми. Во градот има 350 гондоли.
– Мостот на воздишките е изграден за да ги поврзе стариот затвор во Дуждевата палата со новиот преку река. Еден од ретките затвореници, кои успеале да побегнат бил славниот љубовник Џакомо Казанова.
– Венецијската традиција наложува парот кој се вози во гондола да мора да се бакне под секој мост, со цел вечно да останат вљубени.
– За време на карневалот законите, кои забранувале носење на скапа тантела биле стопирани.
– Секоја година Венеција ја посетуваат 18 милиони туристи, односно 50 илјади на ден. Најголемиот метеж е за време на карневалот, со повеќе од три милиони посетители.
– Постојат три видови на маски, баута, морета и ларва. Баута маската која го покрива целото лице, нема отвор за устата и на повеќе места е позлатена. Може да го покрива и само горниот дел на лице до образите, со цел тој што ја носи да може да зборува, јаде или пие, но со неа и натаму се прикрива идентитетот. Морета е кружна маска со црн сомот и вел, која вообичено ја носеле жените за време на посетата на манастири. Ларва е претежно со бела боја и често пати се носи со шапка на главата и наметка.
– Советот на десетмината во 1608 година го одобри носењето на макси само за време на карневалот. Оние кои ја прекршувале оваа одредба се соочувале со страшни казни, од две години затвор до јавно тепање и врзување за Столобот на срамот.