Дерик Меј и македонски музичари на фестивал во Париз

Од:

Пионерот на детроитската техно сцена Дерик Меј настапи на отворањето на големиот музички фестивал „Weather festival“ во Париз. Настапот го организираше скопската продуцентската куќа „Излет мјузик“ во соработка со „Тransmat – Detroit“, на покана на организаторите на парискиот фестивал.

– Како солист на пијано настапи светски познатиот Франческо Тристано, а од Македонија настапија Емин Џијан, како диригент и човек кој е одговорен за оркестрациите, челистката Маријана Николовска и Игор Иванов-Изи, кој беше задолжен за целокупната визуелизација, анимации и светло. Концертот беше фузија од електронска и класична музика, фантастични светлосни ефекти, видео и аудио поддршка, соопшти „Излет мјузик“, чиј сопственик и идеен творец е Огнен Узуновски-Оги.

Дерик Mеј настапил со симфонискиот оркестар Lamoureux со 40 музичари. Нивниот концерт на 4 јуни го отвори годинашното издание на фестивалот, кој се одвива на површина од 100.000 метри квадратни под отворено небо.

На четиридневниот фестивал годинава настапија 70 артисти на пет различни сцени во најголемиот парк во Париз – Bois de Vincennes. Концертот го снимила ТВ Арте, една од најпознатите европски телевизиски куќи кои промовираат културна програма.

Оркестарот со кој настапиле Меј и македонските музичари е основан во 1881 и имал значајна улога во музичкиот живот во Франција и во светот, затоа што премиерно има изведувано некои од делата на Клод Дебиси и Морис Равел.

Проектот меѓу „Излет мјузик“ и Дерик Меј почна минатата година под наслов „Музика универзалис“ кога Меј настапи заедно со Македонската филхармонија во Античкиот театар во Охрид. Следниот настап го планираат за 14 август во Детроит заедно со Детроитскиот симфониски оркестар под диригенство на Емин Џијан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ