Денови на модата во Штип

Од:

Во рамки на Деновите на модата во Штип вечер ќе се оджат три модни ревии, на кои штипските конфекции ќе ги претстават своите колекции за есен-зима.

Валентина Пешевска-Јованова, сопственик на модната конфекција „ВИБА“, која веќе на јавноста ја претставува својата втора колекција на брендот ВИБА изјави дека идејата за организирање на Денови на модата е одлична и во интерес на развивање на сопствените брендови.

– Во создавањето на еден бренд потребно е многу труд и работа, а пред се да се има финансии. Потребна е финансика поддршка да се направи една колекција, бидејќи доколку добро се прифати ќе има порачки. Иднината е во создавањето на сопствен бренд, иако полесно е да се работи лон-производство, рече Пешевска-Јованова.

Градоначалникот на општина Штип Илчо Захариев е задоволен од она што се прикажува на Денови на модата.

– Мислам дека целиот настан е посетен и добро прифатен. На овој начин им помагаме на конфекциите во создавањето на сопствени брендови. Убеден сум дека пополека го враќаме Штип на оние убави времиња кога „Астибо“ организираше преубави и европски ревии, рече Захариев.

Тој информира дека неколку сопственици кои годинава не се дел од манифестацијата, најавиле учество за наредната година. Денови на модата во Штип завршуваат утре, кога и свечено ќе бидат затворени.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово