Дени Перов најбрз и најдобар келнер

Од:

Дени Перов од Струмица е најдобар и најбрз келнер на Трката што синоќа се одржа на Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица во рамките на отворањето на годинашново издание на Струмица опен фестивал.

Наградата од 12 илјади денари за освоеното прво место му ја врачи градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Перов и лани беше најдобар на Трката на келнерите.

– Драго ми е што ја освојувам наградата по втор пат. Да се победи на трката треба да си брз и стабилен, а другото е среќа, изјави победникот Дени Перов.

Второто место го освои Горан Митев од Струмица, а третопласиран е Игор Стефановиќ од Гевгелија.

Трката на келнери е деветта по ред, а од тоа седум пати се одржува во рамките на Струмица опен фестивал.

Во трката учествуваа 20 келнери од Струмица, Гевгелија и Радовиш, а имаше и две девојки кои рамноправно се натпреваруваа со своите колеги.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење