Општина Аеродром ги потсетува децата, учениците, родителите и возрасните дека се поканети на забавна, културна и спортска манифестација за да го испратиме летниот распуст и да го одбележиме почетокот на новата учебна година!
Настанот ќе се одржи денеска со почеток во 17:45 часот во паркот „Авион“, каде младите ќе се забавуваат, другаруваат и спортуваат.
„Забавниот настан ќе биде отворен со популарните песни на нашите хитови од детскиот фестивал „Поточиња“. Во рамките на манифестацијата ќе има детска трка со баланс-велосипеди, а младите ќе имаат можност да се запознаат и со разни спортски содржини што ќе бидат презентирани и ќе можат да изберат еден од понудените спортови за натамошно практикување. На настанот се предвидени изненадувања за најмладите, со што низ забава, спорт и другарување ќе се означи почеток на уште една учебна година“, велат од Општина Аеродром.