Дела од 55-тата Меѓународна струмичка колонија во кумановскиот Центар за култура

Од:

Делата создадени на 55-тата Струмичка ликовна колонија вечерва ќе бидат претставени во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Кумановци ќе имаат можност да проследат 30-тина слики и два мозаика кои ги изработија 16 уметници од повеќе држави, Македонија, Бугарија, Русија, Србија, Турција, Романија.

„Сликите се работени во техника масло на платно, авторите имаат сопствени стилови и говорат со свој специфичен јазик, а инспирирани се од непосредното опкружување на Струмица и околината“, изјави Роберт Цветковски, историчар на уметност од Центарот за култура.

Струмичката ликовна колонија  е една од најстарите во државата со учество на бројни уметници од светот. Изложбата ќе биде поставена се до завршувањето на Меѓународниот фестивал Денови на комедија во Куманово.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во центарот на Куманово

Болна е обвинетата градежна инспекторка од Куманово, судот денес ја одложи расправата

Градежна инспекторка од општина Куманово заработи кривична пријава од МВР

Кумановец заработи пријава: Со остар предмет сакал да убие познаник

Девојче е првото бебе во Куманово

Адвокатите на починатата родилка од Куманово откриле недоследности во државните извештаи

Горан Наумовски