Дејвид Бекам често е критикуван за врската со ќерката Харпер. Сепак, иако тој го гледа тоа како излив на татковска љубов, многумина сметаат дека неговото однесување е несоодветно.
Минатиот викенд Бекам присуствуваше на фудбалски натпревар во Форт Лодердејл, Флорида со Харпер, а фотографите ги снимија таткото и неговата сакана како се гушкаат и се смеат.
И покрај доброто расположение, Интер Мајами, клубот во кој е косопственик, немаше многу среќа во играта.
Многумина беа вознемирени од односот на Бекам кон неговата ќерка и испратија низа критики на социјалните мрежи.
„Бекам треба да разбере дека неговата ќерка расте брзо. Тој не може да ја прегрне исто како кога имала 5 години“ и „Морничави слики…таа изгледа како да има околу 18 години, што го прави сето ова тотално несоодветно. „Некои се од коментарите.