Викторија Бекам реши да ги почести своите следбеници со полугола фотографија од својот познат сопруг Дејвид Бекам.
Имено, поранешната Спајсица на социјалните мрежи сподели фотографија на која Давид во бели боксери лежи на подот и поправа наводен дефект на телевизорот.
Викторија ја искористи приликата и ја овековечи со фотографија која ја сподели со своите фанови.
„Дојде електричарот да го поправи телевизорот… Добредојде!“, напиша таа во описот на фотографијата на сопругот и легендата на Манчестер Јунајтед кој играше и за шпански Реал.
Тениската ѕвезда Ежени Бушар не можеше да одолее на глетката и напиша: „И мојот е расипан…“
„Ти навистина си „Spice Girl““, ѝ рекоа ентузијастичките следбеници во коментарите, а Samsung се огласи и од својот официјален профил на Инстаграм и остави шеговит коментар: „Одрекување: не сите наши телевизори доаѓаат со овој електричар“.