Дедо Мраз тргна од Северниот пол за да дели подароци

Од:

Дедо Мраз тргна преку Азија и Океанија на својата светска турнеја, во рамки на која ќе подели огромен број подароци, соошти американската воена команда задолжена за воздушната безбедност во САД и Канада НОРАД (North American Aerospace Defense Command) која секоја година го следи патувањето на митскиот лик.

Дедо Мраз тргна вчера со санки од својата база на Северниот пол, а во 14.03 по средноевропско време прелета преку Јапонија и стигна во Австралија. Во моментов е во Калгари, Канада.

За неколку часа поделил милијарда подароци, соопшти Норад на сајтот на кој се гледаат санки со девет ирваси во 3Д фгормат.

Соработката на Норад со авантрите на Дедо Мраз трае од 1956 година кога некој во весник објавил телефонски број од Дедо Мраз. Тогаш едно дете по грешка ја повикало американската команда од каде барал подароци. Норад тогаш ја почитувал волјата на детето и на свој припадник му наредиле на децата да им ја каже точната локација на Дедо Мраз. Со воведување интернет, соработката продолжува и на оваа страница, а и Гугл отвори свој сајт , специјално отворен за тие цели, на кои може да се следи до каде ирвасите го однеле Дедо Мраз.

Припадници на Норад секоја година одговараат на повици од деца. Оваа година телефонски одговараа и американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скопје како воена зона, за Тошковски на Нова година било мирно

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот ја дочека 2025, спектакуларни огномети во Париз, Лондон, Дубаи, Њујорк

Катерина Ѓуровски

Жителите на Самоа и Кирибати веќе ја дочекаа Новата 2025 година

Сиљановска-Давкова: 2025-та да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Продолжуваме да работиме на економскиот напредок, борба против криминалот и корупцијата и евроинтеграциите, 2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите

Филипче: Во годината што измина Владата заборави на граѓаните, го срози животниот стандард, го блокираше напредокот

Предраг Петровиќ