Дали е причина се побрзиот начин на живот, секојдневната изложеност на стрес или недостатокот на време и енергија за сексуални односи. Или се работи за подлабок проблем.
Секојдневно сме бомбардирани со реклами за најразлични производи во кои се појавуваат сексепилни модели и чии содржини недвосмислено алудираат на секс.
Гледајќи ги тие перфектни лица и тела, а потоа погледнувајќи се себеси во огледало доживуваме разочараност и нелагодност. Се јавува страв дека не сме доволно добри за своите партнери гледајќи ги идеалните фигури во рекламните спотови.
Многу се пишува и за статистиката врзана за сексот, односно кој народ колку време води секс, кои пози, колку често и сл. Без разлика дали се работи за веродостојни податоци или паушални оценки, кај паровите се создава притисок дали ги исполнуваат наведените просеци. На тој начин сексуалните односи се претвораат во натпревар за исполнување на одредени ,,стандарди,,сексот им станува стрес и едноставно немаат желба за него.
Луѓето во брак често мислат дека мора да имаат сексуални односи и ако немаат, нешто не е во ред со нив, бракот или партнерот. Почетната страст со време опаѓа дури по некогаш и се губи. Има многу начини за одржување на страста во сексуалниот однос. одново да се заведуваме и играме разни љубовни игри. Но тоа е лична работа па дури и ако немаме такви склоности разбирливо е.
Сексот не е работа за одработување. Сексот е однос меѓу парнерите воден од љубов и взаемна блискост и потреба од заедничко задоволство.