Дали Илон Маск е творецот на биткоин?

Од:

Поранешен вработен во компанијата на Илон Маск „Спејс Икс“ во неговиот блог тврди дека Илон Маск најверојатно е основачот на криптовалутата биткоин.

Милијардерот одговори на тоа и изјави дека е не е вистина дека тој стои зад псевдонимот Сатоши Накамото и дека го измислил биткоинот.

На интернет се води дебата, откако се појави документ од 2008 година на кој е поставен детален план за развој на биткоинот. Планот е потпишан од лице со име Сатоши Накамото, но човекот или луѓето кои стојат зад тоа име, според многумина се мистерија.

Сахил Гупта, поранешен приправник во компанијата на Маск, во својот блог претпоставува дека Илон е најверојатно Сатоши.

Како што тој пишува, Маск би можел да стои зад дигиталната валута бидејќи длабоко ја разбира економијата и нејзините проблеми, како и криптовалутите, но знае и програмирање.

Гупта кажува дека Маск најверојатно сакал да го лансира биткоинот во 2008 година за време на светската економска криза, сакајќи на тој начин да го реши проблемот со недовербата во банките.

Илон ги демантираше тие гласини и неколку пати има кажано дека поседува малку биткоини.

Би можело да ве интересира

Маск ја прошири тужбата против OpenAI, сега го тужи и Мајкрософт

ВИДЕО: Илон Маск доби функција од Трамп, водител од Фокс ќе биде министер за одбрана

Катерина Ѓуровски

Уште една тужба против Илон Маск: Давањето милиони на потенцијалните гласачи е „незаконска лотарија“

Маск: Ќе се заостри цензурата во САД доколку победи Камала Харис

Илон Маск организира лотарија – секој ден по милион долари за еден гласач на Трамп

Горан Наумовски

„Ако Трамп изгуби, јас сум нае*ал“

Предраг Петровиќ