Светскиот печатен водич Lonely Planet во своенто специјално издание „Best Travel 2013“ ја препорачува Црна Гора како една од десетте најдобри светски дестинации за патување.
Регионите и градовите се одбрани по растот на популарноста, значајниот прогрес во текот на 2012-та година или по атракциите кои предизвикуваат особено внимание кај јавноста, а Црна Гора е на второто место.
На листата на најдобри дестинации се најдоа и Шри Ланка, Соломсонските острови, Јужна Кореја, Еквадор, Словачка, Исланд, Турција, Доминиканска Република и Мадагаскар.
„Кога станува збор за туризамот, Црна Гора е на одличен пат да стане светска хит дестинација“, се наведува во текстот на авторот Andrea Schulte-Peevers.
Покрај главните информации во текстот има препораки да се прошетаат плажите, националните паркови, да се посетат настаните како Которскиот карневал како и останатите занимливости што ги нуди земјата.
Исто така спомнати се и проектите како Порто Монтенегро и Аман Свети Стефан, кој според зборовите на авторот се резултат на отвореноста на Владата на таа земја кон странските инвестиции.